Придобивки од членството

Пендаровски: НАТО е фактор на стабилност

11.12.2019 14:10

Шефот на државава појаснува оти со 2 до 2,5 милиони евра годишно добиваме многу, особено во очите на потенцијалните странски инвеститори, државата ќе биде со предвидлива иднина и со територија која ќе ја гарантираат другите земји- членки на НАТО.

Парите што земјава ќе ги одвојува за членството во НАТО се минорни во однос на придобивките од Алијансата – оценува претседателот Стево Пендаровски. Шефот на државава појаснува оти со 2 до 2,5 милиони евра годишно добиваме многу, особено во очите на потенцијалните странски инвеститори, државата ќе биде со предвидлива иднина и со територија која ќе ја гарантираат другите земји- членки на НАТО.

Алијансата постојано се менува. Денес освен традиционалните закани, се соочуваме и со сајбер-закани, верски екстремизам, политичка пропаганда, лажните вести. Влегувањето на државата во НАТО е добро за целиот регион – вели британската амбасадорка, Рејчел Галовеј.

Најновите анкети покажуваат дека сите етнички заедници го поддржуваат членството на земјава во НАТО.  Тоа, според претседателот Пендаровски е потврда дека НАТО е фактор на стабилност и ја засилува внатрешната кохезија.

Миле Ристески