Путин кандидат за Нобелова награда за мир
05.03.2014 16:26
Рускиот претседател Владимир Путин е кандидиран за Нобелова награда за мир, соопшти денеска претседателот на Нобеловиот институт во Осло, Гејр Лундестад.

За овогодинашната награда се номинирани рекорден број кандидати, меѓу 278 поединци и организации се наоѓаат и папата Францис и поранешниот службеник на американската национална агенција за безбедност Едвард Сноуден кој на светот објави дека оваа служба прислушкува и следи телефонски разговори и пошта на милиони луѓе во светот.
Скратената листа на кандидати ќе биде направена до крајот на мај, а гласањето за добитник ќе се одржи во октомври. Доделувањето на наградата ќе биде во декември.
