Девет земји- членки на ЕУ со нон- пејпер за забрзана евроинтеграција на Западен Балкан
„Потребно е да се одржи способноста на ЕУ да ги интегрира новите членки без ослабнување на нејзината внатрешна кохеренција. Меѓутоа, внатрешната реформа не може да биде предуслов за проширување. Нашата врата останува отворена“- се наведува во нон- пејперот.

Девет земји-членки на Европската унија доставија свој предлог за „Унапредување на процесот и забрзана интеграција на Западен Балкан“, конкретно за новата методологија за проширување, која според најавите, треба да се усвои до крајот на јануари.
„Потребно е да се одржи способноста на ЕУ да ги интегрира новите членки без ослабнување на нејзината внатрешна кохеренција. Меѓутоа, внатрешната реформа не може да биде предуслов за проширување. Нашата врата останува отворена“- се наведува во нон- пејперот.
Во документот се бара во идната методологија да се опфати групирање на преговарачките поглавја по главни области, како и паралелно, наместо последователно, отворање поглавја.
