Финансиска поддршка

Привршува пријавувањето за субвенции за јагнешко

12.12.2019 09:46

Привршува пријавувањето за добивање на дополнителна субвенција за продадено јагне во регистрирсни кланици. Финансиска поддршка е 400 денари за секое предадено јагне, а рокот за поднесување на барањата е до 15 декември годинава.

Финансиска поддршка е за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет е во висина од по 400 денари за животно.

Корисници на овие средства се земјоделските стопанства кои  веќе земаат субвенции за  одгледување на овци и кои имаат предадено јагне во регистрирани кланични капацитети во периодот од 1-ви јануари до 30 -ти јуни 2019 година.

Сточарите, барањата треба да ги поднесат електронски на веб страницата на платежната агенција самостојно, или со помош од подрачните единици на министерството за земјоделство.

Крајниот рок за пријавување е до 15 декември.

Годинава откупните цени на јагнешкото за велигден ги разочараа овчарите. За прва класа јагниња трговците нудеа по 140 иако пресметките покажуваат дека производствената цена чини најмалку 182 денари за килограм жива мера. 

 

Методија Трајков