Лондон

Вонредни парламетнарни избори во Велика Британија

12.12.2019 10:07

Главните ривали на изборите се владејачката Конзервативна партија на премиерот Борис Џонсон и опозициската Лабористичка партија на Џереми Корбин.

Граѓаните на Британија гласаат на вонредни парламентарни избори на кои се решава не само кој ќе управува во земјата, туку дали, кога и како оваа земја ќе излезе од Европската унија.

Главните ривали на изборите се владејачката Конзервативна партија на премиерот Борис Џонсон и опозициската Лабористичка партија на Џереми Корбин.

Изборите се одржуваат две години пред редовните, на барање на Џонсон кој се обидува да освои апсолутно мнозинство и да го спроведе Брегзит во договорениот рок, 31 јануари.