Велес: Градежни активности на улицата „Страшо Пинџур“
Со цел навремено и квалитетно изведување на градежните работи, Општина Велес упатува апел до граѓаните за разбирање и внимателно управување со моторните возила...
Општина Велес започна со градежни активности на улицата „Страшо Пинџур“ и уредување на просторот во близина на народната кујна, во месноста „Дворови“, непосредно покрај патеката која води кон железениот мост.
Просторот се расчистува од шут и непрописно одложен отпад, за потоа да се порамни и бетонира во должина од 135 метри и ширина од 5 метри. Во зависност од временските услови, предвидено е градежните работи да се реализираат во рок од десет дена, а истите ги изведува ДГРИТ „Тргоцеменет“ од Велес.
Со цел навремено и квалитетно изведување на градежните работи, Општина Велес упатува апел до граѓаните за разбирање и внимателно управување со моторните возила, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од општина Велес.
Анита Никушева- Јованчев
