Нова трибина на стадионот „Билјанини извори“
Според проектот, предвидено е трибината да има капацитет од 1.480 седишта, од кои во централниот дел ќе бидат вип седиштата, а ќе има и коментаторска кабина и простор за камери...

Потпишан меморандум за соработка помеѓу општина Охрид и Фудбалската федерација на Македонија. Градоначалникот Константин Георгиески и претседателот на ФФМ Муамед Сејдини, потпишаа меморандум за соработка, во чии рамки е опфатен проектот за изградба на новата трибина на стадионот „Билјанини извори“.
Според проектот, предвидено е трибината да има капацитет од 1.480 седишта, од кои во централниот дел ќе бидат вип седиштата, а ќе има и коментаторска кабина и простор за камери.
Во долниот дел од трибината предвидени се простории за вработените, гардероба со санитарии за натпреварувачи, просторија за делегати со тоалет, просторија за судии со санитарии, просторија за допинг контрола со санитарии, простории за лекарски прегледи за играчи, судии и за посетители, магацински простории, технички и останати пропратни простории.
Вкупната вредност на проектот е 1.000.000 евра, а реализацијата почнува во наредниот период.
Анита Никушева- Јованчев
