Шпанија
Санчез доби мандат за формирање Влада
12.12.2019 11:06
Социјалистичката работничка партија освои најмногу гласови и има 120 од вкупно 350 места во Парламентот, кои сепак не се доволни самостојно да го формира владејачкиот кабинет.

Шпанскиот крал Фелипе Шести му даде мандат на лидерот на Социјалистите, Педро Санчез за формирање Влада, иако сѐ уште нема доволна политичка поддршка од другите партии.
Социјалистичката работничка партија освои најмногу гласови и има 120 од вкупно 350 места во Парламентот, кои сепак не се доволни самостојно да го формира владејачкиот кабинет.
Санчез веќе има договор со левичарите од „Обединети“, кои располагаат со 35 пратеници. Со останатите ривали ќе мора да преговара.
За четири години, Шпанија имаше четири изборни циклуси.
