Регионот заеднички против корупцијата и перењето пари

05.03.2014 16:26

Се заокружува проектот ИПА 2010 што се однесуваше на капацитетите на јавно-обвинителската мрежа. На дводневната конференција во Скопје судии, јавни обвинители, претставници на финанските полиции ќе разменуваат искуства за подобро препознавање и за справувањето со перењето пари и коруптивните дејствија.

Се заокружува проектот ИПА 2010 што се однесуваше на капацитетите на јавно-обвинителската мрежа. На дводневната конференција во Скопје судии, јавни обвинители, претставници на финанските полиции ќе разменуваат искуства за подобро препознавање и за справувањето со перењето пари и коруптивните дејствија.

Рака  под рака одат перењето пари и корупцијата. Од валкани бизниси и незаконски дејствија меѓународни криминални групи парите ги пренесуваат во легалните банкарски системи.  Потоа ги користат како фондови со кои најчесто корумпираат. Го прават од едни во други држави. Поради разновидноста на начините на перење пари органите на прогонот постојано треба да ги усовршуваат механизмите за нивно спречување .

„Во локални рамки , значи парите обезбедени од различни активности, како што се на пример  финансиски малверзации се внесуваат во банките и на  таков начин се обидуваат со пренесување во одредени градежни субјекти, градежни институции, во градежни проекти да ги трансформираат во чисти пари“, вели Марко Зврлевски, Јавен обвинител на Македонија. 

Мали се разликите од земја во земја. Балканот се соочува со сите форми со кои и земјите во светски рамки.

Парите ги уфрлаат во легалните текови низа разни видови активности, преку купопродажни договори, па преку злоупотреба на службената положба се префлраат во елаглните текови  на сметките на своите фирми. создаваат такви фондови кои потоа ги користат за законски дејности“, вели Татјана Лагунџија, виш јавен обвинител од Нови Сад,  Србија.

Во Македонија, финансискиот и банкарскиот систем веќе се оспособени да го препознаваат ова кривично дело, тврди обвинителот Зврлевски.

На оваа тема експерти, судии, јавни обвинители и преставници на финансиската полиција ќе разменуваат искуства на конференцијата во главниот град.

 

Фиљана Кока