Шеф ги почестил вработените со по 50.000 евра за да им се оддолжи за успехот на компанијата
Вработените биле во шок кога ги отвориле и внатре го виделе изненадувањето вредно 50.000 долари, за сите 198 без исклучок. Некои од нив напишале на „Твитер“ дека со ова им се менува животот, дека е изненадување после 20 години работа.

Една компанија за недвижности во Мериленд во тек на корпоративната прослава минатиов викенд на вработените им подарила црвени коверти и никој не препоставувал што има во нив.
Вработените биле во шок кога ги отвориле и внатре го виделе изненадувањето вредно 50.000 долари, за сите 198 без исклучок. Некои од нив напишале на „Твитер“ дека со ова им се менува животот, дека е изненадување после 20 години работа.
Претседателот на "St. John Properties", Лоренс Мејкранц рекол дека фирмата ги постигнала своите главни цели и дека токму вработените придонесле да има таков успех и затоа 10 милиони евра се заслужено поделени.
Вработените во текот на работењето примале и други високи бонуси, а кога ги виделе парите во црвените коверти се гушкале и врескале од радост. Газдата заслужено го добил признанието најдобар шеф на светот.
