Во товарно возило кај Василево пронајдени 30 мигранти, уапсен возачот
Од слобода е лишен М.О.(41) од с.Зелениково, кој го управувал возилото. Мигрантите биле сместени во Прифатен центар за странци за понатамошна постапка, додека за М.О. било констатирано дека се бара за издржување на казна затвор...

При контрола на полициски службеници во близина на индустриска зона во село Василево, во товарно возило „фиат дукато“, со скопски регистарски ознаки, биле пронајдени 30 мигранти- 29 од Авганистан и еден од Пакистан, соопштува МВР.
Од слобода е лишен М.О.(41) од с.Зелениково, кој го управувал возилото. Мигрантите биле сместени во Прифатен центар за странци за понатамошна постапка, додека за М.О. било констатирано дека се бара за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во прометна наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Струмица за понатамошна постапка.
