Израел ќе одржи трети избори во помалку од една година
12.12.2019 11:58
Премиерот Бенјамин Нетанјаху и опонентот Бени Ганц не успеаја да се договорат за поделба на власта.
Израел ќе ги одржи третите избори во речиси една година откако беше пропуштен крајниот рок за формирање на мнозинска коалиција. Пратениците дадоа зелено светло за распуштање на Парламентот, а изборите треба да се одржат на 2 март.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху и опонентот Бени Ганц не успеаја да се договорат за поделба на власта.
Сино-белата алијанса на Ганц освои 33 места во Кнесетот со 120 пратеници, а десничарите од Ликуд – 32.
