МТСП: 14-ти декември работен ден за градинките
МТСП ги извести управите на градинките дека по донесената одлука од Владата, сабота, ќе биде работен ден за вработените во државните институции потребно е спроведување на истата и од страна на јавните општински установи детски градинки.

14-ти декември, сабота ќе биде работен и за градинките на територијата на државата, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
МТСП ги извести управите на градинките дека по донесената одлука од Владата, сабота, ќе биде работен ден за вработените во државните институции потребно е спроведување на истата и од страна на јавните општински установи детски градинки.
Ќе се одработува за 2 јануари 2019 година, којшто беше прогласен за неработен ден за вработените во државните институции.
Децата кои имаат потреба од згрижување на 14-ти декември, треба да бидат прифатени во детската градинка. Препорачано е родителите благовремено да бидат известени во кој објект ќе се врши згрижувањето на децата.
Инаку, според одлуката на Владата во сабота на 14-ти декември од страна на јавниот сектор ќе се спроведе акција за чистење на животната средина „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ со цел подигање на свеста за почиста околина.
