Средношколски натпревар „Лидер на струка“ во Кочани
Натпреварот е одличен мегдан кадешто учениците, но и нивните наставници, можат да видат до каде стигнале со своите знаења, вештини и компетенции.

Училиштето „Гошо Викентиев“ од Кочани беше домаќин на Државниот натпревар "ЛИДЕР НА СТРУКА" каде што зедоа учество ученици од четврта година од нашава држава.
Учествуваа 60 ученици од 15 стручни училишта од државава.и се избираше лидер од електротехничката, од машинската и од сообраќајната струка.
Натпреварот е со поддршка од Министерството за образование и наука и од центарот за стручно образование и обука, а вклучени се и професори од високообразовните установи во државава.
Натпреварот содржи два дела: стручно – теоретски и практичен дел. Натпреварот е одличен мегдан кадешто учениците, но и нивните наставници можат да видат до каде стигнале со своите знаења, вештини и компетенции.Советникот за електротехничката струка од центарот за стручно образование и обука Зоран Јовчевски посочи дека овие натпревари се одлична можност учениците да ги одмерат своите знаења со своите соученици, но и можност за компаниите да согледаат на кое ниво нашите ученици се остручени и оспособени за понатамошна соработка. Многу од учениците своите знаења и вештини ги преточуваат во иновации коишто подоцна се користат во наставниот процес.
Домаќините постигнаа забележителни резултати.
1.Ученичката АлександраТашкова од 4м2 клас го освои ПРВОТО МЕСТО за профилот Техничар за компјутерско управување
2. Ученикот Дејвид Митевски од 4е2 клас го освои ВТОРОТО МЕСТО за профилот Електротехничар за електроника и телекомуникации
3. Ученичката Ана Златкова од 4с клас го освои ВТОРОТО МЕСТО за профилот Техничар за транспорт и шпедиција
4. Ученикот Марко Петров од 4е3 клас го освои ТРЕТОТО МЕСТО за профилот Електеотехничар за компјутерска техника и автоматика.
5. Ученикот Бобан Анакиев од 4е4 клас го освои петтото место за профилот Електротехничар енергетичар
Честитки за наградените и повеќе успеси во иднина.
Радмила Гиевска
