Најмалку 80 проценти од амбасадорите во иднина ќе бидат дипломати од кариера
80 насто од амбасадорите во иднина треба да бидат дипломати од кариера. Новиот нацрт- закон за надворешни работи треба да воспостави професионална дипломатија што ќе ја претставува државата. Јавна дебата по текстот на предложениот закон. Целта е да се намали политичкото влијание. Предлози за ветинг во дипломатијата и различни ставови- за и против, нацрт-закон од страна на двата синдикати на македонската дипломатија...
Реформа на дипломатската служба, целосна професионализација според европската практика се целите во новиот нацрт- закон за надворешни работи што беше образложен на првата јавна дебата во Министерството.
Потребен е ветинг и за дипломатите, смета поранешниот министер за надворешни Александар Димитров. Укажа дека во новиот текст не се опфаќа членството во НАТО, и дека е погрешно на странските држави да им се одредува кои ДКП ќе отворат во земјава. Дополни и дека се прекршува правото на поделба на власта со зголемени надлежности на Владата при назначувањата и разрешувањата на амбасадорите.
И двата синдиката во МНР со спротивставени ставови за нацрт- законот. Дипломатскиот синдикат бара нов текст, додека Синдикатот за дипломатската служба начелно ги поддржува измените.
На дебатата беше посочено и дека новиот Закон за македонската дипломатија иако требаше порано да се предложи и да се расправа за него, најверојатно ќе биде донесен по изборите во април.
Ирина Гелевска
