Вработените во јавната администрација в сабота ќе чистат на 20 локации во Скопје
Наместо во канцеларија, на работна акција. Вработените од јавната администрација в сабота ќе чистат на 20 локации во Скопје. Вака ќе го одработуваат втори јануари којшто беше прогласен за неработен во државните институции. Ресорнииот министер Манчевски порачува- оваа масовна акција што ќе се спроведе со невладината „Не бид ѓубре“ ќе стане традиционална...
Вработените во јавната администрација в сабота на работна акција. Заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ ќе се чистат над 20 локации во македонската метропола. Вака ќе го одработуваат 2-ри јануари, кој што беше прогласен за неработен ден во државните институции. Оваа масовна акција планираме да стане и традиционална, велат од невладината организација.
На овој начин, вработените од државните институции ќе помогнат за зачувувањето на животната околина, а ќе влијаеме и на свеста на граѓаните, за да успееме да ги зачуваме чисти локациите откако ќе заврши акцијата. Само со заеднички напори можеме да постигнеме почиста животна средина за сите нас, рече министерот за информатичко општество и администрација, Манчевски.
На секоја од локациите предвидени за чистење, ќе бидат обезбедени стручни екипи и алат од страна на градските јавни претпријатија, кои што ќе помагаат на луѓето што ќе работат.
Александра Спировска
