Илијадници амандмани за изборниот законик

12.12.2019 12:43

Над шест илјади амандмани за предлог законските корекции за изборниот законик поднесени од пратеници од помалите партии. За СДСМ не е спорно една изборна единица, за ВМРО-ДПМНЕ не може да се носи нов законик два месеци пред избори. За ДУИ едностраната промена на правила е опасен преседан...

Над шест илјади амандмани се доставени за Предлог- законските корекции за изборниот законик поднесени од пратеници од помалите политички партии, кои предлагаат една изборна единица и отворени листи, а за локалните избори отворени листи и родова квота.

Од СДСМ велат дека не е спорно и за овие избори да се направи една изборна единица, што е нивна партиска определба, насочена кон демократизација на општеството.

Од ВМРО-ДПМНЕ со став, не може да се носи нов изборен законик без согласност од најголемите партии, а тоа да се прави два месеца пред избори.

Пет илјади амандмани се од ДУИ. Интегративците сметаат дека еднонастрана промена на правилата на игра пред избори, е опасен преседан.