Катастар

Над 200 илјади барања во процес на легализација, се стегаат критериумите

12.12.2019 13:12

Казни од 50 насто над сумата дефинирана за регулирање на правниот статус на нелегалната градба ќе плаќаат подносителите на нови барања. Ќе се бара и документ за сеизмичност на објектот. Надлежните најавуваат законски корекции за легализација на дивоградбите. Над 200 илјади барања се во процес на легализација...

Над 200 илјади барања за легализација сѐ уште се во процедура. Досега филтерот го минале 245 илјади. Се стегаат критириумите, казна од 50 проценти од дефинирана цена за правниот статус на нелегалната градба ќе плаќаат оние кои отсега ќе поднесуваат барања. Услов ќе биде и сеизмичноста на објектот. Законски корекции ќе има и за цената на комуналиите, ќе бидат ослободени социјалните категории- најавуваат надлежните.

Измените на Законот за катастар ги олеснија постапките, велат од Катастарот .Од јуни од кога е донесен, цените на услугите се намалени до 50 проценти, за запишување на инфраструктурните објекти и до 90 проценти.

Според надлежните, од 2017-та година драстично е намален бројот на нелегални градби. Посочуваат дека улогата на општинските градежни инспектори е клучна, постапувањето треба да направи ред во градежната експанзија. Казните се големи, а се предвидува и казна затвор.

 

Дијана Ценевска