Авиосообраќај: Превезени 2,5 милиони патници за 11 месеци

12.12.2019 13:17

Преку Меѓународниот Аеродром Скопје минале 2,2 милиона патници, а преку Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, 297 илјади патници.

Двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид забележаа рекордни 2,5 милиони патници во периодот од јануари до ноември 2019 година, што претставува пораст од 14% годишно. Само во ноември растот на превезени патници на двата аеродрома надминал 23%, а вкупниот број на воздухопловни операции е зголемен за 10%.

Преку Меѓународниот Аеродром Скопје минале 2,2 милиона патници, а преку Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, 297 илјади патници.

Годинава концесионерот ТАВ воведе 4 нови дестинации од скопскиот Аеродром и 8 од охридскиот.