Влада

Утврден текстот на дополнетиот предлог- буџет за 2020 година

12.12.2019 13:53

На денешната седница на предлог на Министерството за финансии, Владата ја усвои и ревидираната Фискална стратегија на Република Северна Македонија 2020-2022 година.

Владата го утврди текстот на дополнетиот предлог- буџет за идната година. Прифатени се 12 амандмани што произлегоа од расправата за буџетот во собраниските комисии. Текстот ќе биде испратен до Собранието.

На денешната седница на предлог на Министерството за финансии, Владата ја усвои и ревидираната Фискална стратегија на Република Северна Македонија 2020-2022 година.

Со стратегијата се предлагаат насоките и целите на фискалната политика, основните макроекономски проекции и показатели, се утврдуваат износите за главните категории проценети приходи и одобрени средства за тој период, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот.

Ревидирањето на Фискалната стратегија е во согласност со праксата на развиените земји и е неопходнo заради промените настанати во текот на 2019 година во однос на макроекономските и фискалните параметри.