Економија

Расте бројот на туристи

12.12.2019 14:50

Во земјава е зголемен бројот на туристи- тврдат од Министерството за екомномија. Се одржа четвртото издание на Берзата за дојдовен туризам во државава, во организација на Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија...

Туристите кои доаѓаат во земјава сакаат да научат да резбаат, да научат како се прави нешто од глина, а има и ситуации кога туристите сакаат да берат јаболка во Преспа- раскажува претседателот на Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија. Вели дека клучниот мотив за нив е доживувањето и во таа насока ќе треба да се подготвуваат нашите пакети и во таа насока да се развиваме.

Податоците говорат дека бројот на странски туристи континуирано расте, се зголемува и девизниот прилив од туризмот.

„Нашата земја е една од земјите која го смета туризмот како прироритетен економски сектор благодарение на природните ресурси и културно – историското наследство, кои привлекуваат многу домашни и странски туристи“, истакна министерот Бектеши.

Според податоците на ресорното министерство, во последните години се враќаат туристите од соседните земји, па бројот на туристи од соседна Бугарија е зголемен за 27 насто, од Грција за 63, а од Турција дури за 150 насто. Од европските земји имаме постојан пораст на бројот туристи од Холандија, Финска и Полска.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска