Што е успех и какво е личното доживување за успехот
Винстон Черчил рекол „Успех е да го сакаш тоа што го работиш , а не да го работиш тоа што го сакаш“...

Дали сте се запрашале што е за вас успех и дали се сметате за успешен човек? Успехот е многу индивидуална перцепција за животот и комуникацијата со се околу нас, па и со самите себе си . Успех е и ако сме задоволни со својата состојба на умот. Менталната состојба на поединецот често пати е појдовна точка за остварување на сите други животни успеси и игра многу важна улога во изградба на исполнет живот. Некогаш поттик за успех е совет од пријател, поддршка од сканати, но понекогаш и критика или желбата за докажување себе си и на другите дека можете нешто во кое верувате а другите се скептични. За некого се мали секојдневни нешта, чувства, добра комуникација и радост и благодарност за се што сме и имаме, а за други е материјално богатство врвни спортски, уметнички деловни дострели, стекнат имот и така натаму. Успехот не треба да се мери само со функцијата и местото до кое некој стигнал во животот, туку со пречките кои морал да ги совлада, затоа што нема секој иста појдовна точка.
Успех е да се доживува неуспех по неуспех и да не се изгуби ентузијазмот.
За да успееш, желбата за успех мора да биде поголема од стравот од неуспех. Обично се мисли дека некој е успешен кога е богат, познат или славен. Но доживувањето и за тоа е сосема различно.
Еве како научниците те и психолозите заклучиле што се смета за успех
Според истражувањата кои траат 40-тина години е креирана методологија која константно се развива, а позната е како невро лингвистичко програмирање. Истражувањата покажале дека доживувањето за среќа и успешност треба да содржи баланс во 4 животни области.
Некој оптимален просек би бил избалансираност меѓу благосотојбата, здравјето, хармоничните меѓучовечки односи и личните достигнувања.
Благосостојбата подразбира не само да имаме сѐ што ни е потребно, туку да имаме слобода да го правиме она што го сакаме.
Здравјето за некого е способност да трча на маратон, а за некого да оди без патерици.
Хармоничните меѓучовечки односи треба постојано да се градат и одржуваат со луѓето што ни се важни, а богатите успешни луѓе често пати се несреќни зашто не се доволно со тие што им се најмили.
Личното достигнување или сврхата на својот живот е кога луѓето се исполнети со задоволство и со пријатни чувства за она што го прават. Само така се остварува сопствената животна визија, а нашата акција добива насока и смисла. Тоа создава и творечка енергија и деновите се исполнети со радост. Лесно стануваме, со радост работиме, постојано сме мотивирани.
Многу успешни луѓе дале сопствена дефиниција за успехот. Пабло Пикасо рекол „Активноста и создавањето е основен клуч за секој успех“. Леонардо Да Винчи рекол- „Одамна сум забележал дека успешните луѓе ретко седат и чекаат да им се случат некои работи, тие излегуваат и им се случуваат на работите“.
Александар Македонски рекол –„Ништо не е невозможно за оној што има волја да се обиде“.
Соња Стојановска
