Ива Ангеловска наградена на „Европска недела на креатори на културно наследство“
Нејзината фотографија е избрана помеѓу стотици креации на млади луѓе, од 12 европски земји. Фотографијата е насловена како „Трагедијата го запира времето. Хуманоста го придвижува“.

Четиринаесет годишната Ива Ангеловска од Скопје, е една од десетте млади автори, наградени на „Европската недела на креатори на културното наследство“.
Нејзината фотографија е избрана помеѓу стотици креации на млади луѓе, од 12 европски земји. Фотографијата е насловена како „Трагедијата го запира времето. Хуманоста го придвижува“.
На фотографијата е претставена Старата железничка станица во Скопје, како сведоштво за катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Фотографијата е проследена со сторија на Ива за солидарноста и несебичната помош од целиот свет за повторна изградба на нашиот град.
Во координација со Музејот на Република Северна Македонија, нашата земја зема учество во овој значаен проект, чија што цел е да се откријат и да се поттикнат млади луѓе, како идни творци на културното наследатво на Европа. За авторите на селектираните фотографии е организирана посета на Брисел.
Успешно учество имаше уште еден проект. Во рамките на Повикот за најуспешна приказна поврзана со наследството, проектот „Многу луѓе- многу погледи“ Центарот за креативни индустрии- НЕБО од Демир Хисар, е помеѓу десетте селектирани, за кои се доделени грантови во износ од 10.000 евра.