Гала балетски концерт - 70 години балет

12.12.2019 15:29

На концертот ќе му претходи изложба под наслов „Живот во движење“ посветена токму на овој значаен јубилеј. Идејата и реализацијата е на Наташа Јосифовска, а подготовката на Един Личина.

На 14 декември во Националната опера и балет ќе се одржи Гала балетски концерт по повод 70 години  балет. На концертот ќе му претходи изложба под наслов „Живот во движење“ посветена токму на овој значаен јубилеј. Идејата и реализацијата е на Наташа Јосифовска, а подготовката на Един Личина.

Гала балетски концерт е во режија на Олга Панго и Дејан Прошев, а настапуваат: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили (Грузија), Марија Кичевска Шокаровска и Балаж Лашеи (Унгарија), Наташа Јосифовска и Игор Веланоски, Саша Евтимова и Ендру Кук (Британија), Ивана Коцевска, Мирослав Митрашиновиќ и Ервис Кочеку (Албанија), Мими Поп Алексова Атанасовска и Бобан Ковачевски, Јоланда Кореа и Виторио Галоро - Берлински театар (Германија), Наташа Косовац и Гилерме Гамеиро Алвез - ХНК Загреб (Хрватска),Тјаша Кметец и Петар Дорчевски - СНГ Љубљана (Словенија), Татјана Гаљакова и Станислав Олшанскиј (Украина), како и солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.