Ракомет

Отказ за Зоран Кастратовиќ

05.03.2014 16:45

Српскиот стратег Љубомир Обрадовиќ ќе ја превземе жешката селекторска клупа на која ќе дебитира во јуни против Белорусија...

Зоран Кастратовиќ не е веќе селектор на ракометната репрезентација на Црна Гора. Српскиот стратег Љубомир Обрадовиќ ќе ја превземе жешката селекторска клупа на која ќе дебитира во јуни против Белорусија во баражот за Светското Првенство во Катар 2015-та. Обрадовиќ, кој со Порто има четири шампионски титули во Португалија и пласман во Лигата на шампионите, потпиша договор до 2016-та.

Бојкотот на националниот тим од неколку квалитетни ракометари поради негрижата на раководните луѓе од националниот ракометен сојуз, беше главната причина за неуспешниот настап на Еуро 2014 во Данска.

Селекцијата објективно немаше доволно квалитет за втор круг па избраниците на екс тренерот на Вардар, Кастратовиќ ги загубија трите дуели во групата со Хрватска, Шведска и со Белорусија. Управниот одбор на Ракометниот сојуз на Црна Гора, две години пред истекот на договорот ја прекина соработката со Зоран Кастратовиќ кој ја однесе селекцијата на два големи настана последовно, елиминирајки ја Шведска пред СП 2013 и Германија пред  ЕП 2014.