Велика Британија

Џонсон прогласи победа на изборите во Велика Британија

13.12.2019 10:03

Убедлива победа на британските Конзервативци на вчерашните избори. Добија 364 пратенички места, а Лабуристите 203. Премиерот Борис Џонсон изјави дека неговата влада добила силна поддршка за завршување на процесот за излез на земјата од Европската унија...

Британскиот премиер, Борис Џонсон, прогласи победа на својата Конзервативна партија, која освои убедливо мнозинство на парламентарните избори. Рече дека неговата влада добила силна поддршка за завршување на процесот за излез на земјата од Европската унија.

Според првичните резултати, Конзервативците освоиле 364 пратенички места, додека Лабуристите освоиле 203. Шкотските националисти освоија 48 места.

Во британскиот Парламент има вкупно 650 пратеници, а на Џонсон за победа му беа потребни 326 места.