Брисел
Постигнат договор за климатски неутрална Европа
13.12.2019 10:10
Цел на разговорите на претседателите на држави и влади од ЕУ беше договорот за постигнување нулта емисии на штетни гасови во земјите од Унијата.

Европските лидери на Самитот во Брисел постигнаа договор за климатски неутрална унија до 2050 година.
Цел на разговорите на претседателите на држави и влади од ЕУ беше договорот за постигнување нулта емисии на штетни гасови во земјите од Унијата.
Планот го поддржаа 25 членки, а Полска, Унгарија и Чешка поставија услови за дефинирање датум, трошоци и начин на декарбонизација.
