Вашингтон

Американскиот Сенат го призна геноцидот врз Ерменците

13.12.2019 11:08

Резолуцијата претходно три пати беше блокирана на барање на Белата куќа. Историчарите проценуваат дека околу 1,5 милиона Ерменци се убиени меѓу 1915 и 1917 година...

Американскиот сенат ја одобри резолуцијата со која масовните убиства на Ерменците извршени од Османлиските турци пред повеќе од еден век ги признава за геноцид.

Резолуцијата претходно три пати беше блокирана на барање на Белата куќа. Историчарите проценуваат дека околу 1,5 милиона Ерменци се убиени меѓу 1915 и 1917 година, а многу научници тоа го гледаат како прв  геноцид во 20-ти век.