Пливањето е значајно за децата со Даунов синдром

13.12.2019 11:53

Тригодишното активно пливање, вроди со плод за Никола Стојановски, петнаесет годишно момче со Даунов синдром од Скопје, кој доби златен медал на 25 метри краул и бронзен медал на 25 метри грбно.

Пливањето се смета за најважен спорт за децата со пореченост. Водата смирува и придонесува за физичкиот и ментален напредок.

Тригодишното активно пливање, вроди со плод за Никола Стојановски, петнаесет годишно момче со Даунов синдром од Скопје, кој доби златен медал на 25 метри краул и бронзен медал на 25 метри грбно.

Овие медали ги освои на Меѓународниот турнир за адаптивно пливање,во организација на Фондацијата „Воден пат“ од Софија.

На натпреварот учествувале 85 деца со интелектуална и физичка попреченост од Бугарија, Србија и Црна Гора.

Никола има добиено и други меѓународни награди.