Вашингтон и Москва директно ќе разговараат за украинските случувања

05.03.2014 17:21

Во моментов кога Вашингтон се заканува со економска изолација на Русија, поради настаните околу кризата во Укрина, посебно за вмешаноста на Москва во Крим, во обидите на засилената европска дипломатска офанзива, во Париз попладнево ќе се сретнат американскиот и рускиот министер за надворешни работи Сегеј Лавров и Џон Кери.

И покрај разликите во ставовите за кризата во Украина кога напнатоста на полуостровот Состојбата во Крим е се потензична, Вашингтон и Москва сепак одлучија директно да разговараат за Украинските случувања.

Рускиот министер Сергеј Лавров доаѓа во Елисејската палата со осуда на неодамнешната промена на власта во Киев и ќе бара решавањето на кризата да се темели на принципите од договорот од 21 февруари, вклучувајки ги и уставните реформи.  

Државниот секретар Џин Кери пак останува на оценката дека САД ќе спроведат економски санкции кон Русија и дека од голема важност за смирување на состојбите во Укарина е вклучување на  меѓународни набљудувачи.

Францускиот шеф на дипломатијата Лаурент Фабиус го подржува укринскиот суверенитет но за проблемите треба директно да се разговара.

„Франција има јасен принцип, на дипломатски и мирен пат да се дојде до решение“, изјави Лаурент Фабиус, Министер за надворешни работи на Франција. 

„Јасно е дека Русија изврши агресија, но да видиме што ќе се случува понатаму околу нашата иднина и како Москва ќе се справи со ова“, вели Андреј Десшкутска, министер за надворешни работи на Украина.

Но, според француските медиуми, американското барање за остри санкции против Русија ги подели државите на Унијата. Со САД останале само Шведска и балтичките земји. Една од главните причини за ова е енергетската зависност на многу европските земји од руската нафта и гас, но и од капиталот. 

Британските медиуми го разоткрија ставот на британците од еден таен документ, каде што се гледа дека економистите не се за санкции против Москва ниту пак се за затворање на Лондон како финасиски центар за рускиот капитал. 

Но, за тоа каква ќе биде политиката на Унијата кон Русија но и кон американското барање, ќе се донае по  состанокот на лидрите на Унијата што ке се одржи утре, особено кога ќе се знае што ќе донесе новиот закон на рускиот парламнет со кој се предвидува одземање на имотот и сметките на европските и американски фирми доколку се наметне изолацијата од Западот.  

 

Мирјана Василева