Како сопственикот на Зара заработи милијарди
Добивката на шпанската компанија е зголемена за 14% од 1,17 милијарди евра. Според раководството влијание има и строгата контрола на трошоците за проширување и подобрување на продавниците на Зара, како и во шопинг центрите во Соединетите Арапски Емирати...

Шпанскиот производител на облека „Индитекс“ и сопственик на модниот синџир Зара ги презентирал резултатите од растот и од добивката во третото фискално тромесечие, за кое се заслужни контролата на трошоците и управувањето со резервите. Добивката на шпанската компанија е зголемена за 14% од 1,17 милијарди евра. Според раководството влијание има и строгата контрола на трошоците за проширување и подобрување на продавниците на Зара, како и во шопинг центрите во Соединетите Арапски Емирати.
Предноста се должи и на навремена реакција на модните трендови кои треба да се изработат меѓу две сезони . Ако повеќето од модните брендови тешко се прилагодуваат на промените на дизајнот и на начинот на продажба, Индитекс брзо испорачувал дизајнирана облека која се бара иако во помали количества, но постојано. Клучна улога играла и флексибилноста на набавувачите и доставувачите, кои навреме сигнализирале што се бара и колку би се продало.
С.С.
