„Мој ДДВ- Моја награда“ од 15-ти декември
Од 15-ти декември започнува наградната игра „Мој ДДВ- Моја награда“. Граѓаните што ќе скенираат фискални сметки освен што ќе можат да добијат поврат на 15 проценти од ДДВ ќе имаат шанса и за парична награда. Право на наградната игра имаат сите оние кои скенирале фискални сметки ,а можностите за добивка се еднакви за сите, велат од Министерството за финансии...
Од 15-ти декември граѓаните кои скенираат фискални сметки ќе имаат трикратна корист. Имаат шанса да добијат една од над 3.000 парични награди, во вкупен фонд од половина милион евра, ќе добиваат поврат на ДДВ и ќе придонесуваат во борбата против сивата економија, велат во Министерство за финансии.
Извлекувањето ќе се извршува електронски, по случаен избор. Добитниците на дневни награди ќе добијат известување веднаш по скенирањето на сметката. Недобитните скенирани сметки добиваат сериски број што ќе учествува за извлекување во тековното коло за дополнителни награди, како и за двете главни премии од 3 милиони денари.
Месечните извлекувања ќе се реализираат во почеток на секој месецот. Првото извлекување е на 4-ти јануари.
Наградната игра трае една година. За да учествува, лицето треба да е регистрирано на системот Електронски персонален данок и да е корисник на апликацијата МојДДВ.
Ана Јосифоска- Тодоровска
