Почнува пленарната расправа по дополнетиот Предлог- буџет за 2020 година

16.12.2019 10:09

Државната каса в година ќе тежи 3 милијарди 897 милиони евра. Буџетскиот дефицит е проектиран на ниво од 2,3 отсто од БДП, што е пониско од годинашниве 2,5 проценти...

Во Законодавниот дом денеска ќе почне расправата за дополнетиот Предлог- буџет за 2020-та што ги содржи 12-те прифатени амандмани. Државната каса в година ќе тежи 3 милијарди 897 милиони евра. Буџетскиот дефицит е проектиран на ниво од 2,3 отсто од БДП, што е пониско од годинашниве 2,5 проценти.

Според Владата, во фокусот на буџетот за наредната година е човечкиот капитал, подобрување на здравствениот, образовниот и социјалниот систем,како и силна поддршка за раст на реалниот сектор.

Министерката за финансии Нина Ангеловска оценува дека инвестициите во човечкиот капитал се клучни, бидејќи тие ја движат економијата и ги движат промените.

Расправта по буџетот согласно деловникот треба да трае најмногу пет работни дена