Несовесни газди- причина за несреќи во рудниците
Глоби од скоро 200 илјади евра, прекршочни и кривични пријави, недоволно да се заштити животот рударите. Стотина рудари се повредени, двајца и загинаа поради непочитување на законот за безбедност при работа...

Несовесни газди причина за честите несреќи во рудниците. Неосигурување на работното место пред да се почне со дупчење,пред три дена беше кобно за двајцата рудари во рудникот Добрево. Тие завршија в болница, а концесионерот Индо минерали и метали заработи казна до 10 илјади евра.
„Ние ќе изготвиме мислење и ќе го доставиме до надлежните институции, односно до Јавното обвинителство“, вели инспекторот Драган Димитровски.
Лани 106 рудари биле повредени на работното место, двајца загинале. Недостигот од инспектори една од причините за црната статистика.
„Треба 24 часа да имаме инспектор. Во другите земји, на пример во Русија е така. Ни недостигаат уште 99 вработени“, вели Екрем Буњани, директор на Инспекторатот за техничка инспекција.
Инспекторите во 2013 направиле 645 надзори, од кои 265 за минерални суровини. Изречени се 4 прекршочни, 2 кривични пријави и казни од скоро 200 илади евра. За 11 концесионери е даден предолг за раскинување на договорот.
Наташа Јанчиќ
