Владата ќе ја одржи 171-та седница во Куманово
Како што е најавено, на седницата приоритет ќе добијат информациите и одлуките за проекти од непосреден интерес на граѓаните на општините од регионот, за што на седницата ќе и претходат повеќе теренски активности.

Денеска во Занаетчискиот дом во Куманово, Владата ќе ја одржи редовната 171- ва седница. Ќе претседава премиерот Зоран Заев, а ќе присуствуваат сите министри, гости и градоначалниците од регионот.
Како што е најавено, на седницата приоритет ќе добијат информациите и одлуките за проекти од непосреден интерес на граѓаните на општините од регионот, за што на седницата ќе и претходат повеќе теренски активности.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и вицепремиерот Бујар Османи во Скопје ќе имаат средба со српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ.
Предвидено е да бидат потпишани договори меѓу двете Влади за отворање на заедничкиот граничен премин Лојане – Миратовец, како и за соработка во областа на борбата против трговијата со луѓе и против криумчарењето мигранти.
