АХВ

Завршува вакцинирањето за јазлеста кожа и свинска чума

16.12.2019 10:27

Помина опасноста од добиточната болест јазлеста кожа. Светската организација за заштита на животните им препорача на земјите од Југоисточна Европа следната година да престанат со вакцинацијата. Истата препорака важи и за беснилото кај дивечот.

Од 2020 година, државите од Југоисточна Европа да престанат со вакцинацијата против болеста јазлеста кожа, со исклучок на оние земји кај кои постои голем ризик од нејзино пренесување од соседството, каде што е потврдено присуство на болни животни.

Почнувајќи од идната година овие земји, најмалку во наредните две години треба  да спроведуваат пасивен и активен надзор преку вршење на клинички испитувања, земање на мостри и лабораториски тестирања.

Овие препорака на Светската организација за здравствена заштита на животните се однесува и на беснилото, за што исто така беше донесена одлука од 2020 година, во земјите од Југоисточна Европа да се престане и со вакцинацијата на лисиците, со задолжие  да се врши пасивен и активен надзор на болеста.

Се прекинува и со вакцинирањето на свињите за болеста класична свинска чума, како дел од превентивните активности, кои се спроведуваа во изминативе две години.  

 

Методија Трајков