ТУРЦИЈА
Ердоган: Ќе ја затвориме Инџирлик ако САД воведат санкции
16.12.2019 10:20
На 12 декември американскиот Сенат усвои резолуција со која се признава масакрот врз Ерменците извршени од отоманските Турци...

Турција се закани дека ќе ја затвори воената база Инџирлик, во која има американски нуклеарни боеви глави, како одговор на заканите од Вашингтон за воведување санкции за Анкара, но и поради резолуцијата на Сенатот, со која ерменскиот масакр пред еден век беше прогласен за геноцид.
На 12 декември американскиот Сенат усвои резолуција со која се признава масакрот врз Ерменците извршени од отоманските Турци пред еден век како геноцид.
