Во Словенија лани имало 250.000 имигранти – 12 отсто од вкупното население
16.12.2019 10:45
Земјата се рангира на 16 место на листата на земји од ЕУ по број на странци...

Според податоците на словенечкиот Завод за статистика, на почетокот на 2018 година, во Словенија живееле 250.000 имигранти, што е 12 отсто од вкупното население.
Со тоа, земјата се рангира на 16 место на листата на земји од ЕУ по број на странци.
Словенија е една од четирите земји на блокот со најголем удел на имигранти кои имаат државјанство, заедно со Хрватска, Шведска и Холандија.
