УЧИЛИШТЕН ИНФОРМАТОР

Училишни градини – училници на иднината

16.12.2019 09:49

Учениците и нивните наставници - координатори на проектот, имаа можност накусо да им раскажат на присутните какви сé активности и резултати имале во рамките на проектот, како и плановите за во иднина.

Во средното угостителско училиште „Лазар Танев“ во Козле се одржа завршната манифестација на проектот „Училишни градини – училници на иднината“, за 2019 година,  што го иницира и го координира Здружението за заштита, промоција и едукација за храна “Слоу Фуд Водно”, Скопје. Партнер и донатор на овој проект е Град Скопје , чиишто претставници беа присутни  на завршната изложба.

Во рамките на проектот Училишна градина, училница на иднината- втор чекор беа реализирани неколку работилници меѓу кои и “Дизајн на училишна градина” и “Распоред на растенија во градината”.

Учениците активно учествуваа на работилниците, тие беа иницирани од предавачите да илустрираат своја замисла за училишна градина.

Училишта учесници во проектот:

ООУ “Аврам Писевски”

ООУ “Ѓорче Петров”

ООУ “Димитар Поп Ѓеорѓиев Беровски”

ООУ “Владо Tасевски”

ООУ “Христијан Тодоровски Kарпош”

ООУ “Рајко Жинзифов”

ООУ “Крсте Мисирков”

ООУ “Наум Охридски”

ООУ “Круме Кепески”

Учениците и нивните наставници - координатори на проектот, имаа можност накусо да им раскажат на присутните какви сé активности и резултати имале во рамките на проектот, како и плановите за во иднина.

На манифестацијата се обратија ученичките Невена Кочоска и Христина Трајчевска од 6-в одделение од ООУ „Рајко Жинзифов“ , го изразија своето задовлоство од придобивките од проектот и ги изложија плановите за пролетните активности. Се заблагодарија на тимот на Slow Food-Водно за нивниот ангажман, како и за изработениот нацрт-проект за идната училишна градина. Исто така, изразија надеж дека проектот ќе продолжи и наскоро ќе биде во можност да ги опфати сите училишта на подрачјето на Скопје.

На крајот на сите учесници им беа поделени подароци – мини градинарски алатки, и специјално изработени работни тетратки - Календар со активности во училишната градина.

Ученичките цртежи беа изложени на завршниот настан од овој проект заедно со мотивациони пораки и песни напишани за градините.

Радмила Гиевска