Франција

Испорачан „касапот“ од диктатурата на Аргентина

16.12.2019 12:06

Сандовал е во егзил во Франција од 1985 година, а беше уапсен минатата недела во неговиот дом во близина на Париз. Аргентинското судство го бараше од 2012 година под сомнение за вмешаност во повеќе од 500 убиства, измачувања и киднапирања.

Франција го екстрадира во Аргентина поранешниот полицаец Марио Сандовал познат како „касапот“. Во татковината го очекува судење за наводна вмешаност во исчезнувањето на студент во 1976 година за време на диктатурата.

Сандовал е во егзил во Франција од 1985 година, а беше уапсен минатата недела во неговиот дом во близина на Париз. Аргентинското судство го бараше од 2012 година под сомнение за вмешаност во повеќе од 500 убиства, измачувања и киднапирања.

Неговата екстрадиција беше барана само за случајот на студентот Ернан Абриата, бидејќи за тој предмет постојат десетици изјави на сведоци.