Мицевски: Со популистички закони, Владата им се додворува на граѓаните пред избори

16.12.2019 12:40

Во последните две седмици во Собранието на Република Македонија се пристигнати 123 предлог закони, што претставува рекорд во законодавниот дом. Најчесто се заобиколува процедурата, нема јавни расправи и се без консултација со стручната фела, изјави координаторот на пратеничката група Никола Мицевски...

За две недели Владата предложи 123 предлог- закони, најголем дел по скратена постапка, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму додаваат дека тие се популистички, а целта е да се додворат на граѓаните пред изборите.

Најчесто се заобиколува процедурата, нема јавни расправи и се без консултација со стручната фела, изјави координаторот на пратеничката група Никола Мицевски.

„Оваа бројка е уште попоразителна ако се земе фактот дека откако СДСМ се дојдени на власт па се до октомври 2019 односно за три години, донесени се 377 закони, а сега за само две недели до Собранието се стасани 123 предлог закони. Сакаме да потенцираме дека се работи за крајно популистички закони кои што не се во интерес на граѓаните, туку закони кои што треба да ја затскријат неспособноста на власта да си ги исполни ветувањата и преку овие закони сакаат да ги манипулираат граѓаните дека нешто работат“, изјави Мицевски.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да дозволат на ваков низок начин да се изиграат граѓаните, кои што и покрај игрите на СДСМ се свесни дека оваа власт е најнеспособната и најкорумпираната власт што некогаш ја имала оваа држава.