Жбогар: Не гледам потреба за ветинг во судството
16.12.2019 12:49
Дали ќе има ветинг, зависи од одлуката на самата земја, додаде Жбогар.
Ситуацијата во правосудството не е така лоша и има други начини правосудството да се подобри, пред сѐ од внатре, и не гледаме потреба за ветинг на судии и обвинители во моментов, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар, после средбата со претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати. Дали ќе има ветинг, зависи од одлуката на самата земја, додаде Жбогар.
„Ветингот секогаш е последната опција и за тоа треба предуслови, како што е политички консензус. Не гледаме причина за тоа. Сепак, одлуката е на самата земја“, изјави евроамбасадорот Жбогар.
Претседателот на судот, пак, остана без коментар. Тој посочи дека ќе ја продолжат соработката со пријателите од Европа.
