Средба Палмер- Ѓорчев во Вашингтон
Како што соопшти опозициската партија, на средбата Ѓорчев ги информирал соговорниците за актуелната политичко-економска состојба во Македонија, како и за зголемената поддршка на партијата во пресрет на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април.

При посета на САД, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев, во Вашингтон имал средба со Метју Палмер, специјален претставник на САД за Балканот, како и со Џил Дитрих од Канцеларијата за Македонија во Стејт Департментот.
Како што соопшти опозициската партија, на средбата Ѓорчев ги информирал соговорниците за актуелната политичко-економска состојба во Македонија, како и за зголемената поддршка на партијата во пресрет на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април.
Ѓорчев истакнал дека приоритет на државата е пријателството и сојузништвото со САД, потенцирајќи дека токму затоа ќе се продолжи со развивање и соработка во делот на меѓународните односи, одбраната, економијата, инвестициите и дипломатијата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
