Прилагодување на детето за поаѓање во градинка
Првите денови во градинка полесно ќе се се пребродат ако постојано дома се зборува само позотивно за градинката. Пожелно е оброците и спиењето да се прилагодат на ритамот во градинката. Убаво е потребните работи за во градинка да ги подготвувате заедно со своето дете.

Еден од поважните настани за детето и родителите е поаѓањето во градинка. Потребна е адаптација на новиот колектив, како и на начинот на исхрана таму. На децата обично им се потребни неколку недели за да се вклопат и адаптираат сосема. Ова особено важи за деца што не се одвојувале од семејството. Првите денови во градинка полесно ќе се се пребродат ако постојано дома се зборува само позотивно за градинката. Пожелно е оброците и спиењето да се прилагодат на ритамот во градинката. Убаво е потребните работи за во градинка да ги подготвувате заедно со своето дете. Шетајте во близина на градинката и кажете му дека таму ќе си игра со многу другарчиња и ќе му биде убаво. Добро би било ако има можност пред да тргне во градинка да се дружи со врсници, зашто така полесно ќе вклопи со други дечиња.
Вежбајте го разделувањето со чести посети кај баба, дедо, тетка, пријатели, оставајте го со нив постепено зголемувајќи го времето од почетокот по 15 минути потоа се повеќе. За детето да не го доживее тоа како некоја драстична промена, не го преувеличувајте значењето на поаѓањето во градинка. Третирајте го тоа како нормална работа во животот на детето. Не му се заканувајте на детето со зборовите „ќе видиш ти кога ќе појдеш во градинка“. Тоа ќе мисли дека е страшно место каде што се оди по казна. Избегнувајте други поголеми промени во семејниот живот кои би се поклопиле со поаѓањето во градинка, како на пример селидба, одбивање од доење одвикнување од цуцла, од пелени.
Доколку има можност добро би било првите неколку дена еден од родителите да биде со него при адаптацијата. Воспитувачката треба да се запознае со посебностите на детето. Секој ден внимателно слушајте го своето дете кога ви раскажува како го поминало денот во градинката. Не ги омаловажувајте тешкотиите со кои се соочува детето. Кога излегувате од градинката немојте да бегате, туку поздравете се со детето и кажете му кога ќе дојдете по него, на пример после оброкот или после спиењето. Не зборувајте пред детото за своите стравови поврзани со неговото одење во градинка, ниту со други во негово присуство. Важно е да се соработува со воспитувачката. Ако имате можност добро би било да се вклучите во советото на родители каде што се разменуваат мислења, совети, искуства, предлози и барања и корисни идеи кои се во корист на децата.
Доколку периодот на адаптација трае повеќе од еден месец би требало да се обратите на стручно советување од педагози психолози во градинката, посебно ако детето почнува да одбива да јаде или да спие, или пак се однесува чудно и ве загрижува. Се разбира дека пред поаѓање во градинка потребен е лекарски преглед и потврда од педијатар дека детето е потполно здраво. Здравото дете полесни и целосно се вклопува во колективот. Доколку има некои специфични состојби потребен е взаемен совет на педијатарот и стручните служби во градинката како и соработка со воспитувачките и негователките за посебните потреби на детето. Доклку и родителот е поподготвен за одвојување од детето адаптацијата за во градинка ќе биде по успешна.
Соња Стојановска
