„Рекет 2“: Увид во доказите направија пратеничката Фросина Ременски и Јасна Мандиќ
Според најавата на обвинителката Рускоска, истрагата за вториот дел од „Рекет“ што се однесува на изградбата на старски домови е при крај, и во почетокот на јануари ќе биде поднесено обвинение.
Потпретседателката на невладината „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција дава исказ во врска со покренатата истрага, поради која е во домашен притвор.
Увид во доказите направи и пратеничката Фросина Ременски. Таа во изјава за медиумите рече дека сѐ видела, но не и докази.
Според најавата на обвинителката Рускоска, истрагата за вториот дел од „Рекет“ што се однесува на изградбата на старски домови е при крај, и во почетокот на јануари ќе биде поднесено обвинение.
Други осомничени во овој случај се Бојан Јовановски, неговиот татко и неговата асистентката.
