Иновативни решенија за премостување на бариерите на лицата со попреченост
Педесетина млади иноватори од нашата земја работеа на дигитални решенија за премостување на бариерите со кои децата и младите со попреченост се соочуваат во образованието и секојдневниот живот. Тимови на возраст од 14 до 24 години креираа иновативни решенија. Пет тима добија пари и менторска поддршка за развивање на своите идеи.
Бионичка рака, паметна инвалидска количка и мобилни апликации за подобра комуникација и учење. Педесетина млади иноватори од нашата земја работеа на дигитални решенија за премостување на бариерите со кои децата и младите со попреченост се соочуваат во образованието и секојдневниот живот. Тимови на возраст од 14 до 24 години креираа иновативни решенија. Пет тима добија пари и менторска поддршка за развивање на своите идеи.
И младите со попреченост активно учествуваа во овој проект на УНИЦЕФ. Велат, се соочуваме со проблем на комуникација. Проблемот е решен со апликација која што овозможува двострана комуникација помеѓу луѓето кои не го познаваат знаковниот јазик и кои имаат оштетување на слухот.
Истражувањата покажуваат дека децата со попреченост имаат подобар образовен и социјален успех кога учат рамо до рамо со своите врсници во редовните училишта, велат од УНИЦЕФ.
„Исто така, истражувањата велат дека вклучувањето на децата со попреченост им помага на сите деца во училницата да научат што е емпатија, праведност, соработка и солидарност, а пак, со овие вредности, се подобруваат оценките и училишните резултати“, изјави Патриција Ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ.
Глобалниот младински предизвик се одвива во 40 земји во светот. Кај нас го реализира УНИЦЕФ во партнерство со Фондацијата Телеком за Македонја. Во јуни догодина, две финални решенија од земјата ќе конкурираат на светско ниво.
Александра Спировска
