Проработи Националниот портал за електронски услуги
„На порталот uslugi.gov.mk во електронска форма се достапни 127 услуги од 28 институции. Во иднина тој број ќе се зголемува со оглед дека на располагање се 1.300 услуги“, информира ресорниот министер Дамјан Манчевски.
Преку Националниот портал за електронски услуги што е пуштен официјално во употреба денеска, граѓаните со една најава, корисничко име и лозинка, ќе можат да добијат различни услуги во електронска форма.
„На порталот uslugi.gov.mk во електронска форма се достапни 127 услуги од 28 институции. Во иднина тој број ќе се зголемува со оглед дека на располагање се 1.300 услуги“, информира ресорниот министер Дамјан Манчевски.
Како што појасни, за видливите резултати од оваа електронска платформа претходеа повеќе активности, технички решенија и регистри. Дел од тие решенија е и подготвениот каталог на услуги, како и Централниот регистар на население што е основа на Националниот електронски портал.
