Политика

Заев со апел до институциите за соработка при проверката на судиите и обвинителите

16.12.2019 15:53

Ваквиот повик на премиерот е поради проверка на потеклото на имотот на судиите и обвинителите. УЈП, вели премиерот, да направат проверка на потеклото на парите. Предлага и Европската унија да се вклучи во процесот на прочистување на правосудниот систем во земјава...

Премиерот Заев со апел до институциите - ако Антикорупциска побара помош или информации, веднаш да им се стават на располагање. Ваквиот повик на премиерот е поради проверка на потеклото на имотот на судиите и обвинителите. УЈП, вели премиерот, да направат проверка на потеклото на парите. Предлага и Европската унија да се вклучи во процесот на прочистување на правосудниот систем во земјава.

Заев вели, добил уверување од антикорупционерите дека ќе почнат со операцијата следната година. Претседателката на комисијата пред неколку дена порача дека целата операција мора да се изведе сериозно и со максимално вложување на останатите институции затоа што сами немаат капацитети се да проверат.

Судскиот совет на повикот на претседателот на Владата конкретно не изгреагирал со допис, но Заев вели тие постојано се занимаваат со корумпираност во судството и со постапките кои се водат во судовите.

 

Миле Ристески