Проект

Се поставуваат агрометеоролошки станици

17.12.2019 10:30

Земјоделците кои професионално се занимаваат со оваа дејност се повеќе бараат стручни совети и навремени информаци за климатските услови. Се очекува со агрометеоролошките станици кој се поставуваат во одредени региони во комбинација со новите технологии во произвотството да се постигнуваат подобри резултати и поголеми приноси.

Почна поставувањето на агрометеоролошки станици во Југоисточниот регион во нашава земја.

Првата Агрометеоролошка станица е поставена во Валандово, на земјоделска површина на насади со винова лоза.

Улогата на оваа опрема е да ги мери временските прогнози, а земјоделците да ги добиваат на своите телефони, преку користење на мобилна апликација, како и да добиваат предупредувања за појава на болести кои се јавуваат на одредена култура за што ќе биде инсталиран соодветен софтвер.

Ќе се постават вкупно 23 нови агрометереолошки станици.

Од нив општините Струмица, Гевгелија, Радовиш и Валандово треба да добијат по три, Василево, Босилово, Ново Село, Богданци и Конче по две, а општина Дојран една станица.

Проект е финансиран преку Грант за инвестициски проекти на планските региони за 2019 година од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.

 

Методија Трајков