Политика

Владина делегација предводена од премиерот Заев во посета на Чешка

17.12.2019 10:05

Премиерот Заев, во придружба на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и Зоран Попов, државен секретар при МНР, ќе оствари средба со премиерот на Чешката Република, Андреј Бабиш.

Делегација на Владата предводена од премиерот Заев, денеска ќе оствари еднодневна официјална посета на Чешката Република, соопштвува владината прес- служба.

Премиерот Заев, во придружба на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и Зоран Попов, државен секретар при МНР, ќе оствари средба со премиерот на Чешката Република, Андреј Бабиш.

Премиерите Заев и Бабиш ќе имаат и тет-а-тет средба по што ќе следува и заедничката прес-конференција за медиумите.

Делегацијата на Владата ќе има средба и со претседателот на Сенатот на Чешката Република Јарослав Кубера.